Powered By Blogger

1. 4. 2015.

Јове Трајковски мора на нова операција на препоните

НОВ МАЛЕР ЗА МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР, ЈОВЕ ТРАЈКОВСКИ 
Младиот 19 годишен фудбалер на Пелистер, Јове Трајковски се соочува со нова подолга пауза, заради која нема да настапи до крајот на овој шампионат. Брзоногиот фудбалер кој е изданок од школата на Пелистер во декемрви минатата година ги оперираше препоните од десната нога.
Неуспешно беше неговото враќање и се здоби со нова иста таква повреда на препоните, но овој пат од левата нога. Деновиве повторно ќе биде опериран и се очекува да биде подготвен за есенскиот дел од наредниот шампионат. Во првиот дел од овој шампионат, Трајковски беше стандарден во периодот, кога тренер на Пелистер беше Марјан Секуловски.  

Нема коментара:

Постави коментар