СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИТЕ МАКИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ
Почетокот на новата
сезона од Истoчно европскиот шампионат во мото-крос е на 4,5 април во Јаница (Грција). Младиот битолски мото ас, Христијан Илиоски се соочува со истите
проблеми како и претходните неколку години. Иако е вицешампион и победуваше и со стар мотор, Кико не е во можност
повеќе да гарантира дека ќе ја извози целата сезона, заради недостаток на
средства и нов мотор:
„ Повторно за мене ова е почеток на исчекување. Очекувам од Агенцијата за млади
и спорт позитивен одговор за мое достојно претставување. Чекав мото федерацијата на Македонија конечно да се
заложи за мене. Јас минатата сезона укажав на моите проблеми и во Агенција за млади и спорт ги прикажав
моите резултати донесени за Македонија. Тие резултати за нив беа достојни за
почит и секако сега очекувам тие во
соработка со мото
федерацијата да направат
нешто да не се уништи минатогодишниот успех
и да се направи нов и дури поголем. Во овој спорт во вакви случаи нашите соседни мото
федерации и држави, спортистите на ниво како моето не ги оставаат, туку им помагаат. Сите возат на светско и на европско првенство. Минатата сезона целиот терет го
поносев сам, па сега без
соодветна помош и техника моето учество е невозможно„ со тага раскажуваше неколку кратниот
македонскиот шампион и суперталентот Илиоски. И покрај проблемите тој најави
дека ќе вози в недела во Јанина:„Јас одлучив да настапам на првата трка.
Ќе почнам да собирам бодови, а ако добијам услови, повторно ќе се наметнам како конкурент за првото место. Не располагам ни со минималните услови,
бидејќи од минатата сезона се веќе ми е истрошено, почнувајќи од опремата, па до моторот„ ни рече Илиоски. Минатата година тој беше втор во
генералниот пласман и тоа по многу спорни околности и бодување. Скоро на сите
трки од источно европскиот шампионат беше на пиедесталот и тоа со сопствени
пари и неверојатно жртвување.
Нема коментара:
Постави коментар