Powered By Blogger

17. 4. 2015.

Пелистер денес тренира во Прилеп, а утре брка победа по седум месеци

БИТОЛЧАНИ МОЖЕБИ ЌЕ СЕ РАДУВААТ ВО ПРИЛЕП, КОГА ВЕЌЕ ВО БИТОЛА НЕ ПОБЕДИЛЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ
Можеби судбината сака Пелистер својата најдолга црна серија во клубската историја да ја прекина во соседниот Прилеп. Заради првата фаза на реконструкција на стадионот под Тумбе кафе, момците на Ѓоко Хаџиевски преостанатите пет натпревари за бодови ќе ги играат на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп.
Така денес последниот тренинг пред мечот со Тетекс в сабота, битолчани ќе го имаат на теренот каде ќе се одигра мечот утре од 16 часот. Со тоа треба да се навикнат на теренот, по тренинзите на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола. Лоша вест за Хаџиевски е повредата на Виктор Велковски на последниот тренинг во Битола. Тој најмалку две недели ќе биде надвор од терените и ќе ги пропушти мечевите со Тетекс, Силекс и Ренова. Но во тимот се враќаат Крстевски и Мирчевски. Од мечот со Тетекс на 14 септември минатата година, кога Пелистер славеше со 3:0, битолчани не победиле на официјален натпревар, а минаа 15 кола. По 7 месеци и 4 дена, можеби од Тетекс до Тетекс, Пелистер ќе ја „купи„ последната шанса за опстанок во Првата лига. Битолските навивачи „Чкембари„ ќе ја следат екипата во Прилеп и ќе се обидат да му подадат рака за победа и опстанок.   

Нема коментара:

Постави коментар