ДОЛГО ОЧЕКУВАНОТО ПОДНОВУВАЊЕ НА СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА ПОЧНА СО МЕНУВАЊЕ НА ТРЕВАТА
Пелистер своето домаќинство до крајот на овој шампионат ќе го помести од Битола во Прилеп, откако багерите вчера влегоа на тревникот на стадионот и ја започнаа предвидената реконструкција, за која ФФМ и општина Битола неодамна потпишаа договор.
Стадионот ќе се реконструира со средства на УЕФА од програмата „хет-трик“, а според договорот на ФФМ и на општина Битола, ќе се реконструира најнапред теренот, па ќе се постават рефлектори за одигрување на ноќни мечеви, како и 1.500 нови столчина. Како дел од проектот градските власти треба да изградат една голема трибина и да ја реновираат старата. За време на викендот мечот Пелистер - Тетекс ќе се игра во Прилеп на стадионот „Гоце Делчев„.

Нема коментара:
Постави коментар