ПРВИОТ ОД ТРИТЕ ДИРЕКТНИ ДУЕЛИ ЗА ОПСТАНОК, ПЕЛИСТЕР ГО ИГРА ДЕНЕС ВО БИТОЛА ПРОТИВ ТУРНОВЦИ
Денешниот меч со Турново е прв од трите директни дуели во
седум дена за екипата на Пелистер. Ремито против Вардар ја врати позитивната
атмосферата и вербата во младата група на фудбалери на Хаџиевски.
Тоа
надополнето со опоравувањето на неколку повредени фудбалери, го прави Пелистер
сосема поинаква екипа. „Знаеме колку овој меч е значаен за нас и за нашата
иднина. Оптимисти сме, бидејќи забележуваме дека напорната работа дава
резултати. Мечот со Вардар може да биде пресвртница на нашата сезона. Со
Турново очекувам три бода, но ќе мора да одиграме најдобро што знаеме, а и
нашата публика верувам дека ќе не подржи, бидејќи сега ни треба нивната помош„
истакна стрелецот на двата пролетни гола за зелените, Гоце Тодоровски.
Стручниот штаб има неколку дилеми, во средниот ред, на левата бековска позиција
и во шпицот на нападот. Пелистер го доби Турново на „Кукуш„ во второто коло, но
сега уште повеќе му се неопходни бодовите.
Нема коментара:
Постави коментар