ВО ТВРД И НЕРВОЗЕН НАТПРЕВАР, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ОХРИД ВО ПЛЕЈ-АУТ МЕЧ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„
Пелистер - Охрид
25:23 (12:12)
Битолски Пелистер му го нанесе првиот пораз на ракометарите
на Охрид во плеј-аут лигата победувајќи го со 25:23 (12:12) во спортската сала
„Младост„. Д
омаќините во одбраната не беа ни малку нежни и охриѓани имаат
поплаки на судискиот критериум. Во
домашниот табор блескаа Кузмановски и Дрогришки, а охриѓани во 50 минута
останаа без Мите Караиванов, кој доби директен црвен картон. Натпреварите од
плеј-аут лигата се само за престиж со оглед на тоа што двете екипи имаат
доволен број на бодови за опстанок. И Пелистер и Охрид шанса за излез во Европа
ќе гледаат преку националниот Куп, иако ждрепката и таму не му оди во прилог.
Нема коментара:
Постави коментар