ДЕНОВИВЕ БИТОЛСКИОТ КЛУБ ЌЕ ОДЛУЧИ КАДЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН ДО КРАЈОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Пелистер најверојатно ќе одлучи и наредните мечеви да ги
игра под Тумбе кафе и да го одложи реновирањето на стадионот за некој месец,
како домашниот терен би му бил од помош да го обезбеди опстанокот. Иако се шпекулираше дека по мечот со
Работнички, нема да се играат првенствени мечеви под Тумбе кафе и истиот ќе
биде реновиран, финалната одлука ќе биде донесена деновиве.
На зелените неопходни
му се „Чкембарите„ и подршката од фудбалска Битола за да обезбеди опстанок.
Затоа наместо да биде домаќин во Охрид или Прилеп, тимот на Хаџиевски ќе игра
во својот дом. Мечот со Хоризонт Турново на 5 април е првото големо финале за
опстанок за пелистерци. На стадионот под Тумбе кафе оваа пролет, мечеви за
бодови игра и второлигашот Царев двор, кој и против Влазерими и против Гостивар
триумфираше со 2:0 и 5:0 и ја најави кандидатурата за промоција во Првата лига.
Нема коментара:
Постави коментар