ФУДБАЛСКИТЕ СУДИИ ОД МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ЗАБОРАВААТ СВОЈОТ ПРЕРАНО ЗАГИНАТ КОЛЕГА
Утре во 17 часот
во спортската сала „Младост„ во организација на ОФС Битола ќе се одржи вториот
меморијален турнир за фудбалски судии „Петар Велјановски - Мувата„.
Неговите
колеги не го забораваат прерано загинатиот млад судија, кој имаше талент за
големи работи во својата работа. Како и минатата година на турнирот ќе
учествуваат судии од Битола, Прилеп, Струга, Велес и Охрид. Целта е да се
одбележи настанот и да не се заборави младиот битолчанец, кој прерано го
напушти фудбалскиот свет, во кој и тоа како многу ветуваше.
Нема коментара:
Постави коментар