Powered By Blogger

24. 3. 2015.

Со шише каменуван автобусот на „Чкембарите„

ЕДЕН ИЗОЛИРАН ИЦИДЕНТ РЕГИСТРИРАН ОД МВР ПО ВЕЧНОТО ДЕРБИ
Еден ден по „вечното дерби„ МВР излезе со соопштение во кое обелодени само еден поголем инцидент и тоа надвор од фудбалскиот терен. „На 22.03.2015 година околу 15.20 часот во Скопје на бул. “Илинден” непознато лице  фрлило со пивско шише и ја скршило задната шофершајбна на автобусот кој се движел према стадионот „Филип Втори“, а во кој се превезувале играчите на ФК „Пелистер“, повредени патници немало.
По превземени мерки приведен е Н.Д.(23) од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во официјалниот извештај на МВР.

Нема коментара:

Постави коментар