СО ПОБЕДА ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНАА ПРОЛЕТТА ВО ДОМАШНАТА ВИП СУПЕР ЛИГА
Пелистер - Металург 2 21:14 (6:8)
Ракометерарите на
Пелистер со победата над Металург 2 со 21:14, иако на полувремето губеше
со 6:8 се доближија до
плеј-офот. Најзаслужни за победата со која Пелистер се израмни со Радовиш со
бодовите (двете имаат по 27), беа црногорските интернационалци Филип Симоновиќ
кој имаше 15 одбрани и 2 седмерци и Богдан Николиќ кој постигна 5 голови. Мечот изобилуваше со многу технички грешки и добра игра во
одбрана.
А во одредени периоди од мечот и едната и другата екипа по 7-8 минути
беа без постигнат гол. Оваа победа многу значи за младата екипа на Игор
Николовски, која и оваа зима се соочуваше со многу проблеми, но еве со победа
ја почнува ракометната пролет.
Нема коментара:
Постави коментар