Powered By Blogger

6. 3. 2015.

Шкендија не сака „Чкембари„ под Шара

ЗАБРАНА ЗА ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ НА МЕЧОТ ШКЕНДИЈА - ПЕЛИСТЕР, КОЈ ЗАРАДИ ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ЌЕ СЕ ИГРА В СРЕДА
Пред гостувањето од 19 коло на фудбалскиот шампионат на Македонија на битолски Пелистер во Тетово на мечот со Шкендија, управата на Пелистер побара место и влезници за 120 свои навивачи.
„Чкембарите„ имаа план в недела, но по одлагањето в среда на 11 март со два автобуси да патуваат под Шара. 
Но со соопштение ФК Шкендија објасни дека го замолува ФК Пелистер да го спречи доаѓањето на „Чкембарите„ за да се избегнат немили сцени на градскиот стадион во Тетово. Исто така ФК Шкендија потенцираше дека нема да продава влезници за гостинските навивачи, ако тие пристигнат во Тетово. 

Нема коментара:

Постави коментар