Powered By Blogger

10. 3. 2015.

Шкендија - Пелистер утре ќе се игра во Куманово

НАМЕСТО ПОД ШАРА, ШКЕНДИЈА И ПЕЛИСТЕР УТРЕ ЌЕ ИГРААТ ВО КУМАНОВО НА ТЕРЕНОТ НА БАШКИМИ
Тетовска Шкендија одлучи утрешниот натпревар против Пелистер од 19 коло во Првата лига да го игра како домаќин во Куманово на стадионот на Башкими. Целото 19 коло беше одложено поради лошите временски услови, а „Градскиот стадион“ во Тетово комплетно беше прекриен со снег.
Поради фактот што Ренова играше  против Брегалница, утре состојбата на теренот ќе биде во уште полоша состојба. Поради тоа раководството на Шкендија одлучи дуелот со битолчани да го игра во Куманово каде теренот е во далеку подобра состојба. Најверојатно тетовци и во иднина ќе продолжат да играат на овој стадион, бидејќи теренот во Тетово кон крајот на март ќе почне да се реконструира.

Нема коментара:

Постави коментар