Powered By Blogger

15. 3. 2015.

Хаџиевски: „Победата на Работнички е неспорна, но некои судиски одлуки се повторуваат против нас„

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТА, НО МУ СМЕТААТ КОНТИНУИРАНИТЕ СУДИСКИ ГРЕШКИ ПРОТИВ НЕГОВИОТ КЛУБ
Во Битола големо незадоволство по поразот од Работнички со 1:3 што е трет последователен оваа пролет за екипата на Хаџиевски. Впечатокот беше поправен во вториот дел кога Пелистер за малку не ја покажа целосната непредвидливост на фудбалската игра.
По лошиот прв дел, исклучувањето на Ефремов значеше целосна игра пред голот на шампионот, но мрежата на Божиновски се тресеше само еднаш, а имаше шанси да биде и поинаку. Хаџиевски го признава поразот, но смета дека повторно Пелистер немаше среќа со одредени судиски одлуки, на крајот клучни за конечниот исход: „Победата на Работнички е чиста и не ја оспоруваме. Беа поумешни и побрзи во првото полувреме. Во вториот дел покажавме реакција, но сакам да потенцира една друга работа. Ни се повторуваат чудните арбитражи кои пак влијаат на конечниот расплет. Судијата досуди повеќе од спорен пенал за Работнички, а не досуди кристален пенал за нас при 1:3 со уште 30 минути игра. Истото се случи и во Куманово, кога беше поништен гол на Цирлидис заради игра со рака која не постоеше. Се прави лоша тенденција, која веднаш ја чувствуваме на нашите натпревари„ заклучи Хаџиевски. Пелистер во наредното коло му гостува на Вардар во 21 коло во „вечното дерби„ на македонскиот фудбал.

Нема коментара:

Постави коментар