СО ГОЛОТ НА БИВШИОТ ПЕЛИСТЕРЕЦ, ЛАЗАР ИЛИЕВ ПЕЛИСТЕР СОВЛАДАН СРЕД БИТОЛА ОД БРЕГАЛНИЦА
Прва фудбалска лига - 18 коло
Пелистер - Брегалница 0:1 (0:1)
Пелистер - Брегалница 0:1 (0:1)
Градски стадион
„Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија:
Дејан Јакимовски
Асистенти: Марјан
Стојанчевски и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Горан
Михајловски (Скопје)
Стрелец: Илиев во
10 минута за Брегалница
Жолти картони:
Мустафов, Трифуновски (Пелистер), а Тонев, Станковиќ, Андонов, Здравков,
Блажевски (Брегалница)
Црвени картони:
нема
Пелистер:
Драгојевиќ,
Петковски, Смоквовски, Чешмиџиев, В. Велковски, Тодоровски, Мустафов, Мирчевски
(од 57м. Анастасов), Љамчевски (од 73м. Трифуновски), Царлидис, Митиќ (од 70м.
Петрески)
Брегалница:
Гачевски, Тонев,
Стојанов, Митров, Станковиќ, Андонов (од 47м. Стошковиќ), Здравков, С.
Велковски (од 36м. Блажевски), Илиев, Мишев (од 67м. Ѓорески), Ступиќ
Пелистер лошо го
почна пролетниот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија и загуби на домашен
терен во директниот дуел против Брегалница. Одлучувачки момент беше 11 минута,
кога Здравков по земја го проигра Илиев зад грбот на домашните дефанзивци, а
овој со удар по земја го матира домашниот голман Милош Драгојевиќ. Пелистер се
обиде со агресивна игра да дојде до топката почесто во свој посед, но до
одморот се броеа само жолтите картони, а не шансите. Костов мораше да менува
уште во 36 минута, кога на местото на повредениот Славчо Велковски, во игра
влезе Блажевски. Од прекините Пелистер беше нешто поопасен во вториот дел, но
искусната екипа на Брегалница повлечена на својата половина знаеше како да се
одбрани. Хаџиевски ги внесе во игра и Петрески, Анастасов и Трифуновски, но
резултатот не се менуваше. Брегалница забележа голема победа за приклучок кон
другите тимови, а Пелистер и натаму е без победа. Звучи неверојатно, но од 14
септември 2014 година зелените никого не победиле, а од тој меч со Тетекс кој
го добија со 3:0, немаат првенствен гол веќе пет и пол месеци. Наредната шанса
е в недела во Тетово против Шкендија.
Нема коментара:
Постави коментар