СРБИНОТ ИГОР СТАНОЕВИЌ ПОДГОТВЕН ЗА ДЕБИТО ВО ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Главна цел на
битолски Пелистер по лошиот старт на пролетта е да не се обесхрабрува, бидејќи
младата екипа на Хаџиевски пред себе има нови испити на зрелоста. Следуваат
мечевите со најдобрите екипи во лигата, каде пелистерци немаат што да загубат и
со комплетирањето на целиот ростер екипата може да игра само подобро.
Така во
ремито 0:0 во Скопје против Металург во мечот на Б екипите, шанса добија оние
млади фудбалери кои не настапија против Брегалница и оние кои стручниот штаб
сака да ги провери во пресрет на наредните мечеви. Ви Битола цела недела работи
со екипата и опоравениот српски интернационалец Игор Станоевиќ, кој се повреди
по првиот меч на турските подготовки и пропушти скоро три недели од
најчувствителниот период за тимот. Со неговото враќање, зелените добиваат уште
една опција во средниот ред, а наскоро во комбинација за првиот тим ќе бидат и
останатите повредени Степановски, Трајковски и Крстевски. Пелистер последен пат
освоил бодови на теренот на Шкендија во декември 2013 година, кога беше 0:0. Во
последниот меч под Шара, домашната екипа славеше со 4:0, а во првиот дел од
овој шампионат во Битола беше 0:0.
Нема коментара:
Постави коментар