РЕМИ НА Б ТИМОТ НА ХАЏИЕВСКИ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ ВО СКОПЈЕ
Работнички -
Пелистер 1:1 (0:1)
Продолжува
позитивниот тренд за фудбалерите на Пелистер, кога играат во главниот град. По
ремито на првата сениорска екипа против лидерот Вардар, во заостанатиот меч од
Б лигата, Пелистер извлече бод од гостувањето кај Работнички, играјќи 1:1.
Филип Миленковски од пенал го постигна водечкиот гол за зелените, а дебармаалци
во продолжението израмнија. Ова е второ реми во лигата на Б тимовите, по она
пред две недели на теренот на Металург, кога битолчани играа 0:0.
Нема коментара:
Постави коментар