ПОЗИТИВЕН СТАРТ НА НОВАТА ЕПИЗОДА НА СЕКУЛОВСКИ ВО МЈАНМАР
Марјан Секуловски
со победа и трофеј ја започна својата втора епизода на клупата на Ајејаведи
Јунајтед во Мјанмар. Со победата против Јаданарборн со 1:0, тимот на Секуловски
и штипскиот напаѓач Ристе Наумов го освоија турнирот „Черити Куп„.
Токму Наумов
го постигна единствениот гол на средбата, од пенал во 57 минута. Претходно
екипата на Секуловски ги доби и пријателските мечеви со Миавади со 3:1 и
Хантарвади Јунајтед со 2:0 и ремизираше со Јангон Јунајтед играјќи 1:1.
Нема коментара:
Постави коментар