НА ПОВИДОК Е НОВ ТРАНСФЕР НА ФУДБАЛЕР ОД ПРИЛЕП ВО ДРЕСОТ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Младиот
прилепчанец Јорданчо Наумоски, кој е изданок на школата на Победа, а минатата
сезона го носеше дресот на Металург, деновиве тренира со Пелистер и наскоро
клубот ќе донесе одлука дали ќе му понуди перманентен договор или не.
Наумоски
е дел од младинските репрезентации на Македонија и игра во офанзивниот ред.
Битолчани останаа без сите свои напаѓачи откако во зимскиот преоден рок заминаа
Бошко Ступиќ, Благојче Марковски и Благојче Главевски. Скоро сигурно најмалку
два класично напаѓачи ќе пристигнат под Тумбе кафе до крајот на јануари.
Нема коментара:
Постави коментар