ОХРИДСКИОТ ТЕС ПРОТИВ СПАРТАК ИГРАЧКИ ДОБРО МИНА, НО ПЕЛИСТЕР СЕПАК ЗАГУБИ ОД СПАРТАК СО 0:2
Фудбалерите на Пелистер забележаа и втор пораз на контролните натпревар во предсезонатана. Во пријателски натпревар во Охрид,
поуспешни од момците на Ѓоко Хаџиевски беа српските фудбалери на Спартак од Суботица
кои славеа со 0:2.
Битолчани играа рамноправно пво поголемиот тек од
натпреварот, но по индивидуални
грешки во одбраната со головите на Милиќ
и на Јоциќ, славеа фудбалерите на
Спартак.
Пелистер мечот
го почна во следниот состав: Пашовски, Петковски, Талевски,
Чешмеџиев, Миленковски, Митиќ, Станојевиќ, Петрески, Љамчески, Биљали, Јоргос. В понеделник зелените заминуваат за
Турција и следните тест меќеви ќе ги играат
во турската база Белек, крај
Анталија.
Нема коментара:
Постави коментар