КИРЕ РИСТЕВСКИ ОД ДЕНЕС Е НОВ ЧЛЕН НА АЛБАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ТИРАНА
Потенцијалниот
македонски репрезентативец Кире Ристевски во наредните една и пол година ќе го
носи дресот на албанскиот прволигаш Тирана. По една година мината во Бугарија
во софиска Славија каде што одигра скоро цела минатата пролет и овосезонска
есен, Ристевски како слободен фудбалер потпиша за една од најтрадиционалните
албански екипи.
Тирана која е четврта по есенскиот дел од шампионатот на нашиот
западен сосед, не заостанува многу зад лидерот Скендербег и на пролет ќе тргне
дури и по титулата. Ристевски има искуство од настапи во Албанија, каде го
носеше дресот на Елбасан и Билиш, а одлично говори и албански јазик. Последен
пат за националната репрезентација беше повикан на мечот со Шпанија во
септември минатата година, а настапи и на летните контролни натпревари со
Камерун и Катар. Така по Ацо Стојков уште еден квалитетен македонски
интернационалец потпиша за албански прволигаш.
Нема коментара:
Постави коментар