Powered By Blogger

9. 1. 2015.

Нов битолчанецот во дресот на ресенски Младост

ПО ПЕЛИСТЕР И СИЛЕКС, ПОЛИВАЛЕНТНИОТ ФУДБАЛЕР ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА МИНУВА ВО МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Фудбалерот за врска на кратовски Силекс, Стефан Магловски во новата година ќе го облече дресот на второлигашот Младост Царев двор. Магловски кој е производ на школата на Пелистер со која го освои младинскиот Куп, а настапуваше неколку сезони и за сениорската екипа, ќе ја зголеми битолската колонија во четврто пласираната екипа во Втората лига.
Екипата каде тренер е Кире Стерјов, негов помошник Васко Стојчевски, а спортски директор Благој Китановски продолжува да доведува фудбалери од Битола. Магловски се надоврзува на искусната група кога одигра одлична есен: Коруновски, Елмазовски, Тони Вељановски, Лазаревски, Коњарски, Илијевски и уште многу, многу други. 

Нема коментара:

Постави коментар