Powered By Blogger

6. 1. 2015.

Тоскоски и Митевски со успешна полусезона во Аполдер

ПО ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ВО ГЕРМАНСКАТА ТРЕТА ЛИГА, АПОЛДЕР НА ДВАЈЦАТА ЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ УБЕДЛИВО ПРВ 
Двајцата македонски интернационалци кои настапуваат во германскиот клуб Аполдер крај Дрезден, зад себе оставија нова успешна полусезона. Со 11 победи и 1 нерешен резултат, Аполдер е есенскиот првак во третата германска лига и најсериозен кандидат за промоција во повисок ранг на натпреварување.
Митевски и Тоскоски го освоија и првиот Куп на Турингер со одличен настап на македонците во финалето. Тоскоски имаше 23 одбрани, а Митевски постигна 6 гола од исто толку обиди. 

Нема коментара:

Постави коментар