БИТОЛСКИОТ
ПРВОЛИГАШ ПО 30 ДЕНА ОДМОР, ДЕНЕС МУ СЕ ВРАЌА НА ТРЕНИНЗИТЕ
По еден месец
пауза, денес точно на пладне со состанок и официјален прв тренинг, битолски
Пелистер ќе ги започне зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната
2014/15. Во зависност од временските услови деновиве ќе биде донесена одлука,
каде ќе биде извршена првата фаза на подготовки се до 2 фебруари, кога
експедицијата на чело со новиот стручен штаб ќе замине на подготовки во
Анталија.
Битола има расположливи терени, но непредвидливи се метереолошките
најави за оваа наша котлина. На прозивката ќе се појават неколку новајлии, а
меѓу помладите сили за прв пат зелениот дрес ќе го облечат Митиќ, Станоевиќ и
Виктор Талевски. Од тимот кој со Марјан Секуловски на чело есента ја заврши на
осмото место, заминаа 9-10 фудбалери, а вистинскиот преоден рок Пелистер ќе го
реализира во следните две недели, кога ростерот ќе биде комплетиран до
заминувањето во Турција. Се спомнуваат уште 2-3 странски засилувања и 2-3 имиња
од домашниот шампионат. Спартак и Младост Лучани ќе бидат првите показатели за
структурата на новиот Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар