Powered By Blogger

22. 1. 2015.

Пораз на дебито во Дојран на новиот Пелистер

ПОЗИТИВЕН ТЕСТ, НО ПОРАЗ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДОЈРАН ВО МЕЧОТ СО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ
Пелистер - Младост Лучани 1:2 (0:0)

СЦ „Истатов„ - Дојран. Гледачи: 300
Стрелци: Распашковски во 93 минута за Пелистер, а С. Јовановиќ во 72 и Фрајдеј во 83 минута за Младост Лучани

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Миленковски, Чешмеџиев, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Мирчевски, Стојановиќ, Билали и Јоргос
Уште играа: Трифуновски, Тодоровски, Наумовски, Распашковски,Петревски

Младост Лучани: 
Радукиќ, Марковиќ, Гашиќ, Јагодиќ, Црномарковиќ, Ахчин, Ристиќ, Пешиќ, Протиќ, С. Јовановиќ, Фрајдеј
Уште играа: Латиновиќ, Лемез, Тешиќ, Л. Јовановиќ

По 12 дена тренинзи во Битола, комплетно реновираниот Пелистер на тренерот Ѓоко Хаџиевски го одигра првиот контролен натпревар во предсезоната. Битолскиот клуб доживеа пораз од српскиот Јелен Супелигаш Младост Лучани со 1:2 на во Дојран.
Момците на Ѓоко Хаџиевски прикажаа допадлива игра, но не успеаја да останат непоразени. Стрелец на единствениот гол за битолчани беше засилувањето од Вардар, Васко Распашковски. Наредниот пријателски натпревар, Пелистер ќе го одигра исто против Спартак Суботица на 29 јануари во Охрид.

Нема коментара:

Постави коментар