МИРКО ИВАНОВСКИ ЗАМИНА НА ПОДГОТОВКИ ВО ШПАНИЈА СО СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Битолчанецот
Мирко Ивановски со својот нов клуб, унгарски
Видеотон денес замина на подготовки
во Палма де Мајорка, Шпанија. Ивановски
кој го напушти романскиот Клуж
се одлучи својата кариера да ја продолжи во Видеотон.
Наредниот период треба да
ги мине подготовките со Унгарците во Шпанија, по што се очекува да
официјализира договор со Видеотон.
Ова е трето национално првенство по македонското во кое ќе се докажува
македонскиот репрезентативен напаѓач по чешкото и романското, сега ќе игра и во
унгарското.
Нема коментара:
Постави коментар