БИВШИОТ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИНА ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Бившиот тренер на Спартак од Суботица, Драган Канатларовски
и натаму ќе остане во српскиот фудбал, но следната сезона, како шеф на
стручниот штаб на суперлигашот Нови Пазар.
Минатата сезона Канатларовски повеќе од успешно го водеше тимот на Спартак Суботица, но на крајот од сезоната се одлучи да замине од клубот. Неговото име се поврзуваше и со клупата на тетовска Шкендија, но и неколку клубови од Грција и Бугарија, за да на крајот сепак се одлучи, се чини, да ја прифати понудата на амбициозниот Нови Пазар, договор кој се очекува да биде официјализиран наредниве денови.

Нема коментара:
Постави коментар