Powered By Blogger

28. 6. 2014.

Пелистер конечно „ги запали моторите„

БИТОЛЧАНИ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ ПРВОЛИГАШИ ГИ ЗАПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ
По четири дневно одлагање Пелистер ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на Драган Бочевски. И покрај големиот притисок и шпекулациите за менување на клубскиот сопственик, клубот до вториот јавен повик останува во рацете на општина Битола која ќе продолжи да се грижи за битолскиот прволигаш се до моментот кога ќе го предаде клубот во подобри „раце„
Бочевски, Хусеин и Ристевски на првата прозивка имаа близу 20 фудбалери на располагање, меѓу кои сите се домашни фудбалери со исклучок на бугаринот Кирил Динчев кој има договор до јануари 2015 година и е единствен бугарски интернационалец кој остана во тимот за разлика од минатогодишниот. Новајлија е само Дејан Велевски кој се врати од 11 Октомври, а еден ден пред прозивката Пелистер со второлигашот Младост Царев двор го замени искусниот Илир Елмазовски. Со комбинација на искусни фудбалери како Пашовски, Ристевски, Мојсов, Главевски, Марковски и споменатиот Динчев и младите но проверени Миленковски, Анастасов, Тони Магловски, Брдаровски (ако остане во клубот) Мустафов и останатите, пелистерци ќе се обидат да состават структура на тимот во пресрет на некое засилување, кое може да пристигне на почетокот на јули, кога клубот ќе добие нов сопственик. Кон сениорската екипа како и минатата година се приклучија најталентираните младинци Трајковски, Мирчевски, Атанасовски, Јоциќ, Кузманов. Наредната недела се очекуваат информации околу подготовките и контролните мечеви. Позитивна вест е што битолчани на време ја платија и котизацијата за сезоната 2014/15 и ја добија потребната лиценца за настап во домашниот шампионат.   

Нема коментара:

Постави коментар