Powered By Blogger

3. 6. 2014.

Илиоски, втор на грчкиот отворен шампионат


НАПОРЕДНО СО ИСТОЧНОЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ, КИКО „РАСТУРА„ И НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГРЦИЈА
Христијан Илиоски - Кико го освои второто место на трката од отворениот грчки шампионат во мотокрос, која викендов се возеше во Кожани. Одличната патека беше подготвена за 30-на мотоциклисти кои си ги одмерија силите во класите MX1, МХ2 и МХ3. Христијан Илиоски беше втор во класата МХ1, во која добар пласман оствари и Гоце Томовски на 8 место.
Во класата МХ2 нашиот претставник Христијан Станковиќ го освои 14 место од 21 возач. Бројната публика можеше да ужива во мајсториите на возачите на уште една од многуте трки во грчкиот шампионат во која конкуренцијата е навистина голема. За Кико ова беше одлична подготовка за следната трка од Источно-Европскиот шампионат која се вози во недела во градот Бузо, Романија. Да потсетиме Кико на првата трка од Источно-Европскиот шампионат во Грција заврши на третата позиција, а на втората во Турција се избори за втората позиција и во генералниот пласман се наоѓа на третата позиција со заостанување од 5 бода зад второпласираниот Тотев од Бугарија, и 10 бода зад романецот Радута.

Нема коментара:

Постави коментар