НОВ ФАНТАСТИЧЕН РЕЗУЛТАТ ЗА БИТОЛСКИТЕ МОТОКРОС ВОЗАЧИ, ОВОЈ ПАТ ВО БОСАНСКОТО КРЕШЕВО
Нов одличен
резултат и две места на пиедесталот за битолските мотокрос возачи во рамките на
источно-европскиот шампионат. На првата трка во босанското место Крешево, Христијан Илиоски
го даде максимумот во тешките услови и успеа да дојде до второто место, веднаш
зад водечкиот Адријан Радута од Романија.
Втората трка во Крешево започна со пад на Илиоски, кој за среќа помина неповреден и веднаш се качи на моторот, за до крајот на трката да дојде до четвртата позиција. Благодарение на успехот на првата трка, како и со бодовите освоени на втората, Илиоски дојде до третата позиција во Босна и повторно се враќа во Македонија со освоен пехар. Резултатот во Б и Х за Илиоски значеше и напредување во генералниот пласман на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, каде сега нашиот Кико е на втората позиција. Фантастичен успех на трката во Босна имаше и нашиот втор натпреварувач Борче Костов - Жолт, кој во класата МХ Ветерани забележа две втори места и со пехар за втората позиција се врати во Македонија. За Костов ова е одличен успех имајќи во предвид дека во генералниот пласман се искачи на втората позиција, со само два бода заостанување зад водечкиот. Следната трка се вози идниот викенд на патеката Сливен во Бугарија.

Нема коментара:
Постави коментар