ПЕЛИСТЕР ГУБИ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈГОЛЕМИ ТАЛЕНТИ
Еден од
најталентираните ракометари на Пелистер во последните неколку години Филип
Чурлевски, син на легендарниот Боро Чурлевски, од наредната сезона 2014/15 ќе
го носи дресот на МРК Вардар, каде тренер е Пепи Манасков.
Добрите игри на средниот бек во зелениот дрес не останаа незабележени и за жал на битолските љубители на ракометот, Филип Чурлевски ќе игра за втората екипа на Вардар. Дали Пелистер можеше да го задржи Филип е прашање кое се поставува, но проблемите кои надвиснале над битолскиот суперлигаш се многубројни и последиците ги плаќаат и најталентираните млади асови. Покрај Чурлевски, за МРК Вардар потпишаа Спасовски, Андовски, Стефанов, а беа прекомандовани и Недановски, Јовчевски и Чаневски.

Нема коментара:
Постави коментар