Powered By Blogger

13. 6. 2014.

Китановски: „Романската Втора лига е како нашата Прва„

ЗАВРШИ ОДМОРОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО РОМАНИЈА
Пред само три недели завршија со официјалните натпревари, а веќе утре романските прволигаши ги започнуваат подготовките за новата. По само шест месеци минати во Универзитатеа Крајова, битолчанецот Томе Китановски и соиграчите изборија промоција во Првата лига на Романија.
На последниот ден од својот летен одмор, потенцијалниот младински репрезентативец ги споредуваше двете првенства каде настапувал: „Дојдов во голем клуб, кој веднаш ја оствари целта и влезе во Првата лига. Споредувајќи со нашето првенство, можеби нивната Втора лига е како нашата најсилна. Но многу се организирани, имаат одлична инфраструктура и многу добра телевизиска покриеност, која носи пари во клупските каси„ истакна Китановски, кој пролетва играше и во одбраната и во средниот ред на клубот од Крајова воден од легендарниот напаѓач на Стеауа, Балинт. Влегувањето во Првата лига носи поголеми амбиции, посилни ривали и се разбира помоќен играчки кадар: „Целта на клубот е од сезона во сезона да расте и за две сезони да донесе титула во Крајова. Првите 5,6 екипи во првата романска лига се многу квалитетни, останатите се со сличен квалитет. Задоволен сум како минаа моите први шест месеци во новиот клуб и верувам дека добро ќе се подготвиме и ќе бидеме хит во новото првенство„ ни рече Китановски.  

Нема коментара:

Постави коментар