Powered By Blogger

4. 6. 2014.

Шундовски, тренер на годината во Романија


НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СТРУЧЊАК ВО РОМАНИЈА
Сосема очекувано откако ги освои сите домашни трофеи и стигна до полуфиналето на ЕХФ Купот, македонскиот стручњак Звонко Шундовски е прогласен за тренер на годината во романската најсилна ракометна лига.
За прв пат еден странски тренер ја освојува оваа награда во Романија. Во идеалниот тим на шампионатот се наоѓаат скоро сите ракометари на Констанца: Попеску, Шимицу, Чепреги, Тома, Нованц и Кристеску. Констанца веќе го обезбеди и првото засилување во новата сезона, потпишувајќи договор со црногорскиот репрезентативец Младен Ракчевиќ.

Нема коментара:

Постави коментар