ПО САМО ЕДНА СЕЗОНА ВО ПЕЛИСТЕР, МЛАДИОТ ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ СЕ ВРАЌА ВО СКОПСКИ МЕТАЛУРГ
Еден од
најдобрите млади фудбалери од битолската академија, Петар Љамчевски на истек на
договорот со Пелистер се одлучи да ја смени средината. Имено неговиот бивш клуб
скопски Металург се каеше што не го процени најдобро пред една сезона и му
понуди нов договор кој фудбалерот го прифати.
Со Металург помладиот од фудбалското семејство Љамчевски ќе настапува во Лигата на Европа и пак ќе биде ривал со неговиот брат. Ако до крајот на сезоната 2012/13 играа заедно за Металург, сега како и во минатата сезона кога играа три пати еден против друг, Петар и Благојче Љамчевски ќе бидат ривали. Петар во зелениот дрес на Металург, а Благојче во црвено-црниот на Вардар.

Нема коментара:
Постави коментар