МНОГУ ШПЕКУЛАЦИИ, НО НА КРАЈ НИТУ ЕДНА ПОНУДА ЗА КУПУВАЊЕ НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Проблемите на ФК Пелистер како да немаат крај. Ниту една
официјална понуда за превземање на битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер не
стигнала на адресата на оптшина Битола, која денеска до 13 часот даде рок за
сите заинтересирани страни.
„Шпекулациите кои излегоа дека Бешикташ ќе го купи Пелистер му нанесе огромна штета на клубот и ги оддалечи и некои други, алтернативни заинтересирани страни, кои сакаа да вложат пари, а кои се откажаа поради тоа што помислија дека сѐ е готово“, е ставот на општина Битола. Според информациите, општината ќе објави втор повик за превземање на Пелистер, но сега со пониски цени. И тоа претходно ќе треба да помине на Советот на општината. Претходно, општината преговараше со неколку заинтересирани страни, но и некои други алтернативни понуди (кои не ги исполнуваа условите, но беа блиску до нив), но сите тие не се јавија на повикот мислејќи дека клубот е веќе продаден.

Нема коментара:
Постави коментар