ПО УСПЕШНАТА СЕЗОНА ВО СРБИЈА, БИТОЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТРЕНЕР ВО ПОТРАГА ПО НОВ АНГАЖМАН
Нашиот стратег Драган Канатларовски оваа сезона во српската фудбалска лига со Спартак се пласираше на десеттата позиција. Успеа да обезбеди опстанок и да стигне до полуфиналето во националниот Куп.
Сепак тој одлучи да ја напушти екипата иако после договорената соработка до крајот на натпреварувачката сезона имаше опција, односно понуда за продолжување на истата.“Се разделивме најнормално, едноставно сакам да се свртам кон нови предизвици во својата кариера. На Спартак од Суботица му посакувам се најдобро“ рече искусниот македонски тренер, Драган Канатларовски. Македонските медиуми го поврзуваат со трансфер на клупата на Шкендија од Тетово.

Нема коментара:
Постави коментар