БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР Е БЛИСКУ ДО НОВ КЛУБ ОД НАШЕТО ЈУЖНО СОСЕДСТВО
Бившиот младински
репрезентативец и голгетер на Пелистер, Марјан Алтипармаковски го напушти
грчкиот второлигаш Паналијакос за кого настапуваше во пролетниот дел од
шампионатот 2013/14.
На истек од договорот младиот битолски напаѓач, одлучи да не продолжи во истиот клуб, бидејќи Паналијакос остана без клубскиот спонзор и Алтипармаковски тргнува по нов предизвик. На негова адреса стигнаа неколку понуди од грчки прволигаши и второлигаши и многу веројатно и натаму ќе настапува во Грција. Претходно Алтипармаковски настапуваше и за прволигашот Ксанти, а во Паналијакос ги одигра скоро сите натпревари беше стрелец на неколку одлучувачки голови. Иако го контактираа и неколку домашни клубови, Алтипармаковски е решен да продолжи во грчката лига, каде веќе одлично се снаоѓа и очекува вистински клуб за неговите квалитети да дојдат до израз.

Нема коментара:
Постави коментар