Powered By Blogger

27. 6. 2014.

Пашовски и Мојсов ќе добијат нови договори

ПО СЕРИЈАТА ЗАМИНУВАЊАТА, ВО ПЕЛИСТЕР ПОТВРДА ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ДВАЈЦА ИСКУСНИ ПРВОТИМЦИ

Во очекување на денешниот почеток на подготовките за новата натпреварувачка сезона, Пелистер и натаму исчекува кој ќе биде новиот сопственик на клубот. Но напоредно мора да се обиде да го задржи постоечкиот играчки кадар, откако заминаа бугарските интернационалци и Петар Љамчевски и Христијан Драгарски.
Иако се на истек на договорот два искусни фудбалери и натаму ќе го носат дресот со зелена боја. Ѓорѓи Мојсов и Горан Пашовски се договорија со клубската управа и ќе потпишат нови договори. „Точно е дека бев на истек на договорот и имаше неколку заинтересирани клубови, но моја одлука е и натаму да го носам дресот на Пелистер. Се надевам наскоро тимот ќе се засили и ќе игра важна улога во новиот шампионат„ ни рече кавадарчанецот Мојсов. Слично размислува и капитенот Пашовски, кој има амбиција да ја заврши професионалната кариера во својот матичен клуб. За купувања на нови фудбалери, пелистерци ќе мора да почекаат до почетокот на наредната недела, кога се верува во разврска на случајот околу продажбата на клубот.   

Нема коментара:

Постави коментар