ГЛАМУРОЗНО ЗАВРШУВАЊЕ НА КАРИЕРАТА НА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО МАЈНЦ 05, НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ
Македонскиот фудбалер, битолчанецот Николче Новески со
победа и солзи во очите се прости од Мајнц. На последниот меч на домашен терен
оваа сезона Мајнц славеше со 2:0 над Келн, а навивачите го испратија нашиот
дефанзивец како вистинска легенда.
Новески на овој меч одигра 88 минути, а за
време на натпреварот навивачите му посветија парола на која стоеше „11 години,
345 натпревари,13 гола, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во
европските купови. Благодариме за сѐ, Николче Новески“. Исто така, кога го
напушташе теренот од трибините грмеше „Новески, Новески“, што предизвика
огромни емоции кај нашиот дефанзивец.
Инаку, првиот погодок на средбата за
Мајнц го постигна Ко Ја-Чеол кој стрелаше во 47 минута, додека триумфот го
потврди Самперио во 83 минута. Во редовите на Мајнц, Новески настапуваше од
2004 година и во клубот стекна респектабилен статус. Во последното коло во
Бундеслигата оваа сезона Мајнц гостува кај Баерн од Минхен.
Нема коментара:
Постави коментар