МАКЕДОНСКИОТ АЛПИНИСТ ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ, ДЕНОВИВЕ ГОСТИН НА ПСГ „ПЕЛИСТЕР„
Малата сала на Центарот за култура беше претесна да ги прими сите заинтересирани за видео-презентацијата на Дејановиќ, во која детално ги објасни сите детали, подготовката и самото искачување на Анапурна. Дејановиќ неколку часа беше достапен за дружење и прашања на вљубениците во планината и алпинизмот, а нив во Битола ги има во изобилство.
Дејановиќ кој неколку пати претходно беше
гостин на оваа манифестација, повторно го потенцираше успехот на Димитар
Илиевски – Мурато, кој во едно друго време се искачи на Монт Еверест и го
развиори македонското знаме. Маршот во чест на Димитар Илиевски - Мурато ќе се
одржи в сабота на Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар