УШТЕ ЕДЕН НАШ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО. ОВОЈ ПАТ МИТРЕВСКИ ПРЕД ПРВИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК
Битолчанецот Николче Митревски е блиску до потпис со
португалска Бенфика и повеќе од веројатно е дека од следната сезона првпат ќе
игра во странств.
Во игра за потписот на Митревски се и екипи од Романија и од
Хрватска, но ракометарот на Металург ја преферира португалската опција. Тој
веќе со години е репрезентативен голман, а има и дебело искуство од настапи во
европските купови. Во својата кариера 29 годишниот Митревски настапуваше
заПелистер, Вардар и од 2010 година во Металург.
Нема коментара:
Постави коментар