БИТОЛСКИ ХЈС РАБОТНИК СО ДВАЈЦА НОВАЈЛИИ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Амбициозниот
битолскиот член на Првата лига, ХЈС Работник доведе две засилувања за следната
сезона која ќе биде втора на клубот во професионалниот ракомет. Клубот кој го
основаа и водат бившите репрезентативци Александар Зарков и Иван Марковски,
денес потпиша договори со двајца ракометари кои доаѓаат од Ресен од екипата на
Преспа.
Голманот Борче Ристевски и десниот бек Никола Мирков потпишаа договор
на две години и ќе му помогнат на клубот идната сезона да заврши на врвот и можеби
за прв пат да се промовира во суперлигаш.
Исто така договорите со ХЈС Работник
ги продолжија и Стефан Талевски, Христијан Талевски и Александар Петровски.
Нема коментара:
Постави коментар