Powered By Blogger

20. 5. 2015.

Алтипармаковски му го донесе четвртиот Куп трофеј на Работнички

ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, РАБОТНИЧКИ ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПАК БЛАГОДАРЕНИЕ НА БИТОЛЧАНЕЦ
Скопски Работнички повторно се радува на трофејот од Купот на Македонија, романтичарите со 2:1 славеа против Тетекс во финалниот натпревар одигран на „Aрената Филип Втори„. Мечот помина во тактичка игра и од двете страни, но со одлични голови и неколку убави шанси пред се на страната на Работнички.
Пред крајот на првото полувреме Тетекс поведе со гол на Чурлинов. Со почетокот на вториот дел Работнички го зголеми притисокот кон голот на Тетекс, тоа конечно вроди со плод во 69 минута кога Баже Илјиоски постигна фантастичен гол со пета за израмнување на 1:1. Две минути подоцна големо олеснување за Работнички, по еден опасен старт Најдовски заработи црвен картон, Тетекс остана со играч помалку. Теренската надмоќ беше брзо крунисана, со гол на Алтипармаковски во 73 минута Работнички направи комплетен пресврт и дојде до својата четврта куп титула.

Нема коментара:

Постави коментар