Powered By Blogger

3. 5. 2015.

Тодоровски ги одржува надежите за опстанок

ГОЛЕМА ПОБЕДА И ОСВЕЖЕНИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ НА „КУКУШ„ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 28 коло


Турново - Пелистер 0:1 (0:0)

Стадион „Кукуш„ - Турново. Гледачи: 200
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелец: Тодоровски во 55 минута од пенал за Пелистер
Жолти картони: Милушев, Мавров, Ѓорѓиев, Џинов (Турново)
Црвени картони: Чешмиџиев во 65 минута за Пелистер

Турново:
Захов, Џинов, Милушев, Танушев, Иванов, Ташев, Мавров, Најденов (од 87м. Марков), Ѓорѓиев (од 75м. Божинов), Пандев, Кочоски

Пелистер:
Драгојевиќ, Петрески, Стајев, Талевски, Велковски, Биљали (од 46м. Станојевиќ), Тодоровски, Миленковски (од 70м. Крклински), Чешмиџиев, Анастасов (од 90м. Трифуновски), Цирлидис

Со комбиниран тим без многу повредени стандардни првотимци, Пелистер мораше да брка победа на стадионот „Кукуш„ во Турново против истоимениот домаќин, на чија клупа се врати Арифовски на местото на Димитковски. За прв пат оваа сезона од првата минута шанса доби Стајев, а Талевски влета во одбраната на местото на повредениот Методија Степановски. Младиот Кочоски во 15 и 21 минута ги имаше првите домашни закани. Но Пелистер беше најблиску до водство во 18 минута, кога Гоце Тодоровски го лобуваше Константин Захов, но домашниот голман стигна од под самата пречка и спречи сигурен гол. По половина час игра судијата Александар Ставрев им даде минута одмор на актерите во мечот, заради топлото време и температурата преку 30 степени. Во 33 минута црногорецот Драгојевиќ киксираше по центаршутот на Најденов, но Танушев не успеа да го казни одпадокот и да ја смести топката во гостинската мрежа. Цирлидис и Биљали во финишот на првиот дел имаа две полушанси, но на одмор се отиде без голови, со изедначено надигрување во Турново. Вториот дел започна со голема шанса за Кочоски, кој излезе очи в очи со Драгојевиќ, но голманот на Пелистер бравурозно одбрани. Само 4 минути подоцна, судијата Ставрев покажа на белата точка по прекршокот врз Станојевиќ, а Гоце Тодоровски од белата точка ја погоди целта за негов четврт гол оваа пролет. И кога се чинеше дека Пелистер има поволна позиција, Константин Чешмиџиев заработи два жолти картони и зелените од Битола останаа со човек помалку. Хаџиевски го внесе младиот Крклински, кој дебитираше за пелистерци во многу деликатен момент од сезоната. Нападите на црвено-белите беа само јалови, па Арифовски му даде шанса на Божинов место индиспораниот Ѓорѓиев. Во 78 минута прекрасна инвидуална акција на Сашко Пандев, но Драгојевиќ пак беше на висината на задачата. Во 80 минута наспроти збрканите акции на турновци, Пелистер фати контра и Станојевиќ изби сам пред Захов, имаше голема шанса, но се сплетка и пропадна можноста за втор гол на битолчани. Последната голема шанса турновци ја имаа во 92 минута кога Милушев со глава од непосредба близина биеше крај голот. Пелистер ја забележа втората пролетна победа и втор пат оваа сезона се радува на стадионот Кукуш во Турново. По победата на Брегалница против Тетекс со 1:0, дистанцата која ја брка екипата на Хаџиевски сега е 4 бода. В среда Пелистер му гостува на Тетекс во мечот од 29 коло. 

Нема коментара:

Постави коментар