ПО ГОЛОВИТЕ ВО КУПОТ, БИТОЛЧАНЕЦОТ ИВАНОВСКИ СТРЕЛЕЦ И ВО УНГАРСКИОТ ШАМПИОНАТ
Две недели откако
и математички ја освоија титулата во унгарското првенство, фудбалерите на
Видеотон се подготвуваат за финалето на Купот со Ференцварош в среда во
Будимпешта. Македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски беше стрелец во ремито
на неговата екипа на гостувањето кај Хонвед.
Тој во 22 минута со инстикт на
роден стрелец во „срцето„ на казнениот простор на домаќините погоди за водство
на гостите. Подоцна Хонвед израмни на 1:1 со голот на Јула во 69 минута. На две
кола до крајот на унгарската ОТП лига, Видеотон е прв со 10 бода пред
второпласираниот Ференцварош.
Нема коментара:
Постави коментар