Powered By Blogger

24. 5. 2015.

Љамчевски и Михајлов задоволни: „Мечот беше спот за македонскиот фудбал„

ТРЕНЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И ТЕТЕКС ПРЕЗАДОВОЛНИ ОД КВАЛИТЕТОТ НА МЕЧОТ И ЗАЛАГАЊЕТО ВО ПРИЛЕП
Во можеби најубавиот натпревар на Пелистер оваа пролет, младиот состав воден од Наум Љамчевски одигра борбено, дури и премногу зрело за младоста против исто така жилавиот и млад Тетекс. Мечот во Прилеп беше вистински спот за македонскиот фудбал, а со тоа и однесувањето на актерите. Веројатно тоа што не беа оптоварени од резултатот двете екипи одиграа одлично.


Наум Љамчевски
(тренер на ФК Пелистер)
Задоволен сум од прикажаното, бидејќи двете екипи на тежок и натопен терен покажаа одличен фудбал, играан допадливо, создаваа шанси и на крај постигнати се четири гола. Оваа млада гарнитура ни враќа надеж дека во Пелистер не е се така лошо и дека имаме основа за брзо враќање во Првата лига

Горазд Михајлов
(тренер на Тетекс)

Двете екипи полни со млади сили покажаа дека имаат потенцијал и дека македонскиот фудбал треба да практикува да форсира млади фудбалери и вакви проекти. Честитки за двете екипи и ми останува надеж дека и Тетекс и Пелистер што е можно побрзо да се вратат во Првата лига.

Нема коментара:

Постави коментар