Powered By Blogger

10. 5. 2015.

Кобен пораз за пелистерци, опстанокот се подалечен

ТРЕТ ПОРАЗ ОД ПО 1:0 НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОД БРЕГАЛНИЦА ОВАА ЕСЕН
Прва фудбалска лига - 30 коло
Пелистер - Брегалница 0:1 (0:1)

Стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Делегат: Драган Блажовски (Скопје)
Стрелец: Ступиќ во 44 минута
Жолти картони: Петрески (Пелистер), Ѓорески, Митрев, Ристовски, Тонев (Брегалница)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Драгојевиќ, Тодоровски, В. Велковски, Биљали (од 46м. Биљали), Петрески, Стајев, Љамчевски (од 46м. Станојевиќ), Чешмиџиев, Миленковски, Анастасов, Цирлидис

Брегалница:
Гачевски, Ѓорески, Блажевски, Тонев, Стојанов, Ристевски, С. Велковски, Коцев (од 54м. Коцев), Митрев, Здравков (од 88м. Никовски), Ступиќ  


По двете врзани победи, Пелистер доживеа тежок пораз од Брегалница и сега не зависи сам од себе за пласман на осмото место кое носи два плеј-оф натпревари за опстанок. Мечот започна едноминутно молчење како последно сочувство за загина тите полицајци во Кумановско. Потоа следеше краток прекин заради непристојни скандирања од навивачите на Пелистер. Мечот по топлото време не донесе кој знае колкав квалитет, туку се играше нервозно и со многу грешки. Пелистер главно беше опасен преку прекини, но зрели шанси не создаваше. Кога сите очекуваа реми на полувреме, бившиот пелистерец Бошко Ступиќ во 44 минута го искористи центаршутот на Тонев и ја смести топката во мрежата на Милош Драгојевиќ. Додека зелените беа шокирани минута подоцна и Здравков можеше да ја погоди целта, но црногорскиот голман исфрли во корнер. Хаџиевски со внесувањето на Станојевиќ и Смоковски го освежи тимот, а Влатко Костов од 54 минута му даде шанса на Лазар Илиев. Гоце Тодоровски во 59 минута од далечина биеше, но од блокот топката дојде до рацете на Филип Гачевски. Пелистер од 60 минута комплетно ја превзеде иницијативата, но играше збркано и му ја олеснуваше работата на одбраната на штипјани. Гркот Јоргос Цирлидис во 76 минута ја имаше најзрелата шанса, но Гачевски на голот чудесно одбрани. На крајот пак минимален пораз од Брегалница, по трет пат оваа пролет во меѓусебните дуели на овие две екипи. Лоша вест за пелистерци е победата на Турново против Тетекс со 2:0 со двата гола на Ѓорѓиев, со што осмото местосега е оддалечено 4 бода за битолчани на три кола до крајот на плеј-аутот.   

Нема коментара:

Постави коментар