УСПЕСИ И НОВИ ДОГОВОРИ ЗА БИВШИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГЕРМАНИЈА
И втората сезона
во Германија во третолигашот Аполдер е успешна за македонските ракометари Игор
Тоскоски и Васко Митевски. Тие го освоија шампионатот и Купот во областа
Турингер и со тоа клубот од наредната година ќе се натпреварува во Мител
Оберлигата.
Двајцата се носители во клубот и затоа заработија нови договори и
наредната сезона ќе играат за Аполдер. Претходно двајцата го носеа дресот на Пелистер,
а голманот настапуваше и во Грција.
Нема коментара:
Постави коментар