НОВ ПОДВИГ НА
ПЛАНИНАРИТЕ ОД НАШИОТ ГРАД И ОД ПСК „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО„
Да се занимавате со планинарство значи запознавање на
убавините на земјите, откривање на сопствените духовни богатства и запознавање
на внатрешните способности. Планинарскиот Спортски Клуб „ Димитар Илиевски-
Мурато" е дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и ја
продолжува традицијата на спортско планинарење.
Клубот од основањето до денес има околу 100 членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари а и доста млади членови.
Клубот од основањето до денес има околу 100 членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари а и доста млади членови.
За краток период од
основањето, членовите на клубот имат доста успешни искачувања во земјата и
надвор од неа а поголеми се: Монт Блан , Гран Парадисо, Исланд Пик , Олимп,
Мусала, Пирин, Триглав, Моунт Казбек , Глосглокнер , Матерхорн а оваа година
четворица членови на овој клуб и тоа-Тони Тоскоски, Стефан Танчевски, Оливер
Топалзолев и Александар Ивановски, учествуваа во експедицијата за освојување на
Килиманџаро.Денес бројните активности на ПСК. Димитар Илиевски -Мурато, се
насочени кон инволвирање на млади планинари, нивна обука и тренинг за поголеми
предизвици, без разлика дали ќе се бават со рекреативно планинарство или
спортско планинарење, како и зачувување на традицијата на предходните генерации
планинари кои ја прославија Битола и Р.Македонија. Се искачуваат на 5895 м.
надомрска висина и го освојуваат врвот.
Нема коментара:
Постави коментар