ВТОРИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПАК ПРОТИВ ОХРИД, ОВОЈ ПАТ ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„
По победата над Охрид од 30:24
минатата недела во спортската сала „Младост„ во Битола, битолски Пелистер на
Томче Петрески веќе в петок ќе го возврати гостувањето кај суперлигашот од
најпознатиот македонски туристички центар. Екипата на Андоноски ќе биде домаќин
во мечот кој ќе започне во 19:30 часот.
Тоа ќе биде ново доближување на пелистерци до максималната воиграност, со оглед на тоа што екипата сега ќе биде комплетна и ќе настапат засилувањата од Украина и Молдавија. Охриѓани ден претходно ќе играат со Преспа, така да стручниот штаб на Охрид ќе ги ротира силите во двата меча во интервал од 48 часа.

Нема коментара:
Постави коментар