УБЕДЛИВА ПОБЕДА
ПРОТИВ НЕУБЕДЛИВИОТ ТРЕТОЛИГАШ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД
Пелистер - Вулкан 5:0
(4:0)
Стадион „Атина
Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 200
Стрелци:
Марковски во 9, Динчев во 21, Милевски во 29, Ристевски во 33 и Воденичаров во 56
минута за Пелистер
Жолти и црвени
картони: нема
Пелистер:
Апостоловски,
Динчев, Драгарски, Х. танасовски, Петковски, Христов, Ристевски, Анастасов,
Љубенов, Марковски, Милевски
Уште играа:
Д. Атанасовски,
Брдаровски, Елмазовски, Воденичаров, Трајковски
Во најлесниот контролен
натпревар во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер до врв ја
наполнија мрежата на третолигашот Вулкан. Иако играа со комбиниран тим момците
на Драган Бочевски беа мотивирани и уште од стартот ја наметнаа својата игра и
брзо го скршија отпорот. Во интервал од 20 минути пелистерци постигнаа четири
гола и имаа уште 4-5 зрели шанси за гол. Напаѓачите Марковски и Милевски
постигнаа важни голови за нивната самодоверба, а својот првенец во новиот дрес
го постигна и бугарскиот интернационалец Динчев. Следуваше второ полувреме
полно со замени и со опаѓање на ритамот. Во овој период битолчани стигнаа да
постигнат и петти гол, овој пат преку бугаринот Димитар Воденичаров во
почетната фаза од второто полувреме. Заради настап во репрезентацијата под 19
години, за екипата на Пелистер не настапија младите Мартин Кузманов и Мартин
Мирчевски. В сабота битолчани играат против Напредок и веднаш потоа се враќаат
од 12 дневните подготовки во Охрид.
Нема коментара:
Постави коментар